Убавина

Нега на сувата кожа во зима

 

Оваа зима, избегнете ги проблемите со сува и затегната кожа

Ладниот ветер, ниските температури, сувиот воздух од греењето во просториите, се нешто од кое не можеме да избегаме во зимските месеци. Сето тоа може да ја интензивира сувоста и дехидратацијата на кожата, без оглед дали имате сува, нормална или дури и мрсна кожа.

За да ја избегнете затегнатата кожа во зима, треба да ѝ посветите повеќе внимание. За сувата кожа не се секогаш потребни скапи креми и козметички третмани, понекогаш лекот може да се најде и во вашата кујна.

  • Сода бикарбона

Содата е еден од најефикасните домашни лекови за третирање на сувата кожа која чеша. Ако осеќате затегнатост и чешање на кожата, направете топла купка во која ќе додадете еден филџан сода бикарбона. Не останувајте во када подолго од половина час и потоа избришете ја кожата со мек памучен пешкир. За третирање на екстремно сува кожа, направете смеса од вода и сода бикарбона, нанесете ја на оштетените места и измијте ја по неколку минути.

  • Овес

Освен што е совршен избор за доручек, овесот делува поволно и на кожата. Богат е со витамин Е, антиоксиданти и противвоспалителни состојки кои ја ублажуваат сувоста и иритациите на кожата. Еден филџан овесно брашно додајте во топла купка или направете смеса со вода, нанесете ја на оштетената кожа, оставете ја да делува неколку минути, потоа исплакнете ја. Ова ќе ја нахрани кожата и ќе ја ублажи иритацијата.

  • Кокосово масло

Освен во кујната, кокосовото масло станува сè попопуларно во негувањето на кожата и на косата. Заради тоа што е богато со масни киселини, кокосовото масло е е совршено за враќање на влажноста на кожата. Ја негува и ја храни многу сувата кожа на лицето и косата. Најдобро е да се нанесе на кожата после капење затоа што тогаш кожата најдобро го апсорбира.

  • Алое вера

Ефикасноста на алоето во негата на кожата е одамна познато. Алоето содржи противвоспалителни и противфунгални својства кои ја смируваат и негуваат кожата, ја навлажнуваат и ја поттикнуваат нејзината регенерација. За третирање на сувата кожа ефикасен е гелот од алое вера кој се добива од лисјата на оваа чудотворно растение. Гелот се нанесува на оштетените места на кожата, се остава да делува 10-15 минути и потоа се измива со млака вода. Постапката може да се повтори два пати дневно.

  • Млеко

Исто како алоето, и млекото има противвоспалителни својства кои ја смируваат иритираната и сува кожа. Млечните киселини ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и ѝ помагаат да ја задржи влажноста. Натопете крпа или пешкир во ладно млеко и ставете го на места каде што кожата е сува и надразнета. Оставете го отстои 5-7 минути и потоа измијте ја кожата со млака вода. Повторувајте го овој третман секој втор ден.

  • Мед

Медот е еден од најдобрите природни препарати за лекување на сувата кожа која чеша. Богат е со антиоксиданти, витамини и минерали, има антимикробни својства и способност да ја задржи влагата во кожата. Сувите и иритирани делови на кожата намачкајте ги со мед, оставете го да делува 10-15 минути и потоа истуширајте се. Медот можете да го помешате со маслиново масло и со стопен пчелин восок и да го повторувате третманот секој или секој втор ден.

  • Авокадо

Како и многу други природни лекови за сува кожа, авокадото е богато со минерали, витамини и антиоксиданти кои ѝ помагаат на сувата кожа да ја врати влажноста. Испасирајте авокадо и нанесете го на сувите места на кожата, оставете да делува 10-15 минути и потоа исплакнете со ладна вода. Постапката повторувајте ја еднаш на ден.

 

Слични написи

Пластична хирургија без употреба на скалпел и без лузни

Biba

На кој начин стилот на живот влијае на животниот век

Biba

Пет правила на Марија Антоанета за убавина кои важат и денес

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.