Психологија

Невербални знаци кои откриваат личносни особини

 

Може многу да се дознае за некоја личност ако внимателно ја набљудувате. Некои можеби ќе помислат дека тоа е површно, но науката не се согласува – докажано е дека според говорот на телото, вербалната и невербалната комуникација, на прв поглед можеме да донесеме валиден суд за некоја личност.

Нејзините особини. Личносните карактеристики се демонстрираат на различни начини, а набљудувачот тие информации ги користи за да формира мислење за различни особини. Така на пример, може да донесе суд за особините на некоја личност врз основа на тоа колку е отворена или затворена во комуникацијата. Експертите велат дека и само со гледање на фотографија на некој што седи опуштено може да се препознае дали тој човек е емотивно стабилен, пријатен е за дружење или пак е осамен.

Потенцијал за улога на водач. Личностите со доминантен настап кои оставаат впечаток на компетентни луѓе, често се занимаваат со политика или пак преземаат улога на извршни директори во профитабилни компании.

Има ли личноста лоши намери. Таинственост, сомничавост, нервоза, вербални напади, покажуваат дека лицето нема добри намери кон вас.

Социоекономски статус. Верувале или не, освен според надворешниот изглед, социоекономскиот статус на луѓето може да се препознае и според некои невербални знаци. Истражување објавено во списанието Psychological Science, утврдило дека луѓето со повисок социоекономски статус не се внимателни во текот на разговорот. Не се трудат да учествуваат во разговор кој можеби не е во сферата на нивниот интерес, па чепкаат по хартии и документи пред себе, не му кимаат со глава на соговорникот и не возвраќаат насмевка.

Од друга страна, лица со понизок социоекономски статус му посветуваат потполно внимание на соговорникот, без оглед на тоа колку им е досадна темата.

Дали ве сметаат за привлечни. Од говорот на телото може да се препознае дали го привлекувате соговорникот. Поткренати веѓи и насмеани очи во текот на разговорот, повремено пристојно оближување на усните, несвесно допирање на сопствениот врат – ако сте ги забележале овие знаци кај соговорникот, голема е веројатноста дека му се допаѓате.

 

Слични написи

Златни правила за родителите на тинејџери

Biba

Наместо да го критикувате, обидете се да го насмеете вашиот тинејџер

Biba

Покажете им на децата колку е важна грижата за менталното здравје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.