Љубов и секс

Најчестите лаги што ги кажуваат мажите на првиот состанок

Мажите на првиот состанок ќе ја излажат својата партнерка за некои „ситници“ и ќе кажат „бела лага“, и поголемиот дел од нив ќе чувствуваат вина за тоа.

Исто како и жените, и мажите понекогаш велат дека се добро иако не се, а понекогаш прикриваат и многу побитни работи.

Ова се некои од лагите што мажите ги кажуваат на своите партнерки или партнерки во најава на првата средба со нив.

  • Претходните врски. Никому не му е пријатно да зборува за своите минати врски. Според анкета спроведена на една страница за контакти, дури 44 % од мажите признава дека ги лажеле своите партнерки за изневерувањата што ги правеле кон минатите партнерки. Причина? Никој не сака да ја загрози иднината на врската со актуелната партнерка.
  • Претходните партнери. Мажот може да глуми дека е кул и мирен кога зборува за минатите партнерки, но можно е во себе да крие нерешени чувства. Може да глуми и дека му е сеедно тоа што вие сè уште контактирате со претходниот партнер, се дружите со него на кафе, но постои голема веројатност дека тоа му пречи и дека е љубоморен.
  • Пари. Една од најчестите причини за „пукање“ и на наjјаките врски се парите и финансиските прашања. Колку кој заработува или на што е потрошена одредена сума на пари, може да биде тема која мажите знаат да ја избегнуваат или да ги искриват фактите. Голем дел од мажите ги лажат партнерките за тоа колку заработуваат за да ги импресионираат.
  • Изглед и висина. Мажите при размена на пораки со идните партнерки лажат за изгледот и висината, ќе додадат неколку сантиметри за да ги импресионираат жените. Истражување спроведено од Journal of Personality and Social Psychology вели дека дури 55 % од учесниците признале дека лажеле за својата висина на своите профили.
  • Работното место. Нема отворено да излаже дека е инженер ако е домар, но ќе ја растегне малку вистината за неговото работно место да звучи подобро отколку што е и за да се прикаже себеси во подобро светло пред идната потенцијална партнерка.
  • Станбеното прашање. Ако сè уште живее со родителите, ќе помисли дека таквата ситуација остава впечаток дека не е доволно способен да си обезбеди сопствен дом. Во овој случај можеби нема да излаже, но ќе го премолчи тоа ако партнерката сама не го праша. А ако пак таа праша, тогаш ќе ѝ одговори како да е тоа всушност само привремено и дека престојува кај неговите родители само на кратко.
  • Неговите пријатели. Мажот ќе зборува за своите пријатели, но нема да ги спомене тие што се проблематични. Нема ни да каже дека сака да се дружи со неговото машко друштво, едноставно за да не ја одбие идната партнерка или за таа да не си помисли дека се движи во погрешни кругови. Исто така, можно е селективно да се фали само со оние пријатели за кои мисли дека ќе ја импресионираат жената.
  • Неговите вистински намери. На првиот состанок можно е мажот да изгледа вистински заинтересиран да ја запознае подобро потенцијалната партнерка, а всушност, реално, да сака само секс.

 

Слични написи

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Со секс до 4,5 килограми помалку

Biba

Емотивна дистанцираност во врската

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.