Автомобилизам

Најскапиот теренец на светот има цена од 1,9 милиони долари

 

Најскапиот теренец не е производ на автомобилски компании кои ни се добро познати, туку на кинеската компанија ICT.

Теренското возило со назив Karlmann King, зад необичниот изглед нуди луксуз на кој ќе му бидат љубоморни и компании како Rolls Royce.

Основата на ова возило е пикапот Ford F 500 и баш нема да ги развесели адреналинските зависници. Поради големата тежина од 4500 килограми,  6,8-литрениот V8 мотор кој испорачува сила од 398 коњски сили, како да не е доволен за големи забрзувања и големи брзини. Максималната брзина што овој теренец може да ја постигне е 140 km/h.

Меѓутоа, овие параметри и не се толку важни колку фактот дека Karlmann King е тука за да испорача луксуз. Плејстејшн, телевизор, кров со амбиентално осветлување, фрижидер за пијалаци, се само дел од луксузот со кој располага.

Други технички податоци за возилото не се откриваат, останува да почекаме за да ги дознаеме.

 

Слични написи

SsangYong го претстави Rexton DKR теренецот спремен за Дакар

Biba

Новите Turbo S верзии на Porsche 911

admin

Новиот Audi A6 Allroad

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.