Технологија

Најголемите железнички системи изградени во 2018 година

Во 2018 година во светот се изграден пет големи железнички системи кои драстично го сменија начинот и времето на патување со воз.

  • Кина. Во септемви оваа година Кина ги претстави новите супервозови и супербрзи железнички системи. Железничката линија позната како Гуангжу-Шенжен-Хонг Конг е долга 26 километри и ги поврзува полуавтономниот град Хонг Конг со широката железничка мрежа на цела Кина. Патувањето помеѓу Хонг Конг и Гуангжу порано траело 2 часа, а сега само 47 минути.
  • Израел. Железничката линија Ерусалим-Тел Авив е првата електрична линија која е делумно отворена во септември и ги поврзува аеродромот Бен Гурион кај Тел Авив и железничката станица Јуцак Навон во Ерусалим. Кога ќе се завршат комплетно сите работи на делницата, со возовите што ќе се движат со 160 км/ч патувањето ќе се намали на помалку од 30 минути.
  • Мароко. Линијата што ќе ги поврзува Танџир и Казабланка преку главниот град Рабат, официјално е отворена минатиот месец. Двата града се оддалечени 340 километри и новата линија ќе го скрати времето на патување на 2 часа, што е за 5 часа помалку од досегашното.
  • Азербејџан-Грузија. Железничката линија Баку-Тбилси-Карс ги поврзува главните градови на Азербејџан и Грузија со древниот град Карс во Турција и се протега во должина од 826 километри.

Слични написи

Телескопот Хабл направи фасцинантна фотографија на спирална галаксија

Biba

Бесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт

dart

Nokia X7 – елита за економска цена

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.