Забава

Највисокото кафуле на светот до кое не може секој да стигне

 

Ако можете да замислите како изгледа да се пие кафе на висина од 4690 метри, тогаш во вашиот распоред за патување задолжително испланирајте и патување во Непал. Кафулето се вика (а како поинаку) “Највиското кафуле-пекарница на светот” и се наоѓа во населбата Lobuche, во регионот Кумбу во Непал. Алпинистите кои се искачуваат кон базниот капм Еверест, ќе наидат на ова кафуле на околу два дена пред базниот камп.

Lobuche е една од последните станици за планинарите кои ги освојуваат врвовите на Еверест, во која можат да се сместат и да преноќат пред да продолжат понатаму, ако ја следат стандардната југоисточна рута. Најголема гужва има во април, кога стотици носачи и шерпаси од регинот поминуваат низ Lobuche на својот пат до базниот камп, носејќи залихи и резерви за планинарите и експедициите кои се подготвуваат за пролетната планинарска сезона во мај. Сместувачките капацитети во Lobuche се многу примитивни, составени главно од камени колиби во кои има заеднички спални соби со кревети на кат.

Кафулето е задолжителна станица за сите планинари кои се тргнати да ги освојуваат најголемите планинарски подвизи на светот. Во него, на изненадување на сите, може да се нарача пиво, кафе, чај, па дури и одлична пита со јаболка. Навечер, за носталгичните, се пуштаат документарни емисии и музика.

Кафе-пекарницата во Lobuche, освен што се наоѓа на највисокото место на светот, е и глетка која прави огромен контраст со јаловиот пејзаж наоколу, кој наликува на површината на Месечината. Претставува прилично голем потфат да се изгради и води кафуле на вакво место, каде што за само една чаша кафе се потребни околу 15 минути за водата да зоврие на оваа височина.

 

Слични написи

Култни филмови кои малку фалело да не бидат снимени

admin

Талентираната пливачка ја прекина кариерата и почна да снима филмови за возрасни

dart

Бразилката Валентина Сампаио е првиот трансродов модел кој соработува со Victoria’s Secret

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.