Убавина

Намирници кои предизвикуваат (не)пријатен телесен мирис

 

Секој човек си има свој единствен телесен мирис кој е одреден од генетиката, здравјето и личната хигиена, но и прехраната, исто така, може да игра голема улога. На пример, намирниците кои содржат сумпор (карфиол, зелка, кромид, лук, брокула) можат негативно да влијаат на телесниот мирис.

Кои други намирници предизвикуваат непријатен мирис на телото?

Црвено месо. Една студија покажала дека мажите кои две недели не јадат црвено месо најубаво им мирисаат на жените.

Алкохол. Ако испиете премногу, вишокот ќе испарува од порите на вашата кожа, па така и ќе мирисате на вашиот омилен пијалак.

Риба. Иако повеќето луѓе можат да јадат риба без пропратниот непријатен мисир на кожата, некои од нив, заради одредено метаболичко нарушување, по консумирањето рибини производи ги следи мириса на – риба.

Аспарагус. Овој “кралски” зеленчук најчесто го следи непријатен мирис на урина. Затоа внимавајте колку количински го консумирате.

Кари зачин. Ова е многу здрав зачин, но откако сте го изеле вашиот омилен лут оброк, може да очекувате непријатен телесен мирис следните неколку дена.

Кафе. Киселоста на кафето му дава остар и привлечен вкус кој ја суши усната празнина, што може да придонесе за непријатен здив. Ако се подготвувате за излегување со саканиот/саканата, прескокнете го овој напиток.

Сега, кога знаете што треба да избегнувате пред средбата со партнерот, еве и неколку намирници и зачини кои ќе се погрижат вашиот телесен мирис да биде многу пријатен и привлечен: цитрусно овошје, кардамом, чај од јасмин, рузмарин, јогурт, вода со лимон, нане, цимет.

 

Слични написи

Шест совети со кои косата ќе ви биде подолга и побујна

Biba

Трикови за идеално фенирање на косата

Biba

Парфеми и шминки од третиот век

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.