Убавина

Навики заради кои изгледате постари отколку што сте

 

Брзиот и презaфатен живот понекогаш не ви остава доволно време да се посветите на здравата исхрана и добро да се наспиете. Заради тоа носите лоши одлуки кои потоа се одразуваат на вашата кожа. Кои се тие навики?

  • Нездрава исхрана. Нездравите намирници се еден од главните фактори зашто немате доволно енергија. Избегнувањето на доручекот доведува до прегладнување и се разбира, потоа до прејадување. Со недостаток на минерали и витамини кожата старее и изгледате како да сте постари отколку што реално сте. За да се избегне прегладнувањето и чувството на константен глад, јадењето треба да го распоредите во текот на денот така што ќе јадете 4-5 мали оброци кои ќе ви држат ситост.
  • Секојдневно пиење алкохол. И покрај разуверувањата на француските и италијанските нутриционисти, секојдневното внесување алкохол ќе ве остари побрзо од кој било стрес. Освен што го оштетува црниот дроб, алкохолот го дехидрира телото и предизвикува појава на акни и црвенило на кожата.
  • Недоволно спиење. Експертите препорачуваат најмалку 7-9 часа сон дневно, по можност во проветрена просторија. За најдобра позиција за спиење се смета позицијата на грб или на стомак, додека спиењето на страна предизвикува продлабочување на брчките околу носот и устата.
  • Постојан стрес. Истражувањата покажуваат дека ништо не го старее телото толку како константното изложување на стрес. Стресот влијае и на начинот на размислување, на крвниот притисок и на спиењето. Ако во моментот не можете ништо да смените во поглед на работната ситуација, пробајте да најдете рамнотежа. Стручњаците препорачуваат здрава исхрана со помал внес на кафе, алкохол и шеќер, како и редовни вежби за опуштање.
  • Сончање. Сонцето ја суши кожата, што предизвикува појава на брчки и продлабочување на постоечките. Освен тоа, на кожата можат да се појават пеги кои подоцна се претвораат во флеки. Се препорачува изложувањето на сонце да не биде подолго од 15 минути и задолжително да се користи заштита за кожата поголема од 20 SPF.
  • Пушење. Факт е дека последиците од лошите навики како што е пушењето, стануваат видливи после 8-10 години. Кожата добива специфична сиво-жолта нијанса и се појавуваат брчки. Освен тоа, површината на кожата станува нерамна и се појавуваат видливи неправилности.

 

Слични написи

Морската сол е корисна за здравјето, кожата и косата

Biba

Погледнете необични парчиња облека кои со дизајнот имитираат инсекти, птици и растенија

dart

Неколку трикови за шминкање со кои очите ќе изгледаат визуелно поголеми

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.