Здравје

Навиките за пиење алкохол на мајките, се пренесуваат на нивните деца

 

Децата се угледуваат на своите мајки и со тек на време ги преземаат нивните навики во поглед на консумирањето алкохол, тврди едно истражување.

Научници од истражувачкиот центар Демос во Велика Британија, ги следеле навиките за пиење алкохол на над 18 000 мажи и жени во текот на 30 години.

Утврдиле дека тинејџерите во 16-тата година се претежно под влијание на врсниците по прашањето на пиење алкохол, додека ставовите на нивните родители имаат помало влијание. Меѓутоа, во 34-тата година тие пијат онолку алкохол колку што мислат дека пиеле нивните мајки на таа возраст.

Истражувачите откриле дека ако мајката пиела алкохол во поголеми количини, нејзините деца кога ќе бидат возрасни ќе пијат повеќе отколку што се препорачува.

Студијата не покажала поврзаност помеѓу навиките за консумирање алкохол на татковците и навиките на нивните дека кога ќе бидат возрасни. Утврдено е дека татковците пиеле повеќе надвор од домот мислејќи дека на тој начин ќе се сокријат и ќе го избегнат судот од семејството, а мајките тоа го правеле дома, што имало поголемо влијание на децата. Студијата сугерира дека пиењето на мажите е повеќе културолошки прифатливо за мажите отколку за жените. Водачот на истражувањето смета дека токму овие културолошки разлики објаснуваат зашто пиењето на таткото има многу мало влијание на децата во споредба со пиењето на мајката.

“Интересно е што истражувањето покажува дека навиките на мајките стануваат навики на нивните деца дури откако ќе пораснат”, вели Џонатан Бирдвел, кој го водел истражувањето.

Докажано е дека поподложни на алкохол се лицата чии родители се развеле до нивната петта година.

Во студијата учествувале 18 000 лица родени 1970 година. За навиките за пиење алкохол зборувале кога имале 16 години, па потоа уште еднаш кога имале 34 години.

Резултатите од истражувањето порачуваат дека родителската љубов и внимание се главна превентива од проблеми со алкохолот.

 

Слични написи

Здрава храна која дебелее

Biba

Тренинг што трае само 4 минути и дава одлични резултати

Biba

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.