Наука

Морничаво откритие на научниците за дождовницата

Шведските научници дојдоа до неверојатно откритие. Имено, во една од најновите студии утврдиле дека дождовницата во речиси секој дел од светот содржи опасна количина на трајни хемикалии.

Тоа се per и polyfluoroalkyl супстанции (PFAS), кои припаѓаат на голема група вештачки хемикалии што се наоѓаат во природата. Тие се нарекуваат трајни материи затоа што не можат да се разградат во природата, а ги користиме во разни работи, како храна, козметика, садови, електронски уреди…

Научниците од Универзитетот во Стокхолм ги набљудувале овие супстанции во дождовната вода во речиси секој дел од светот. Исклучок не е ни речиси ненаселениот Антарктик. Овие супстанции се многу опасни, негативно влијаат на квалитетот на водата, а меѓу нив се и перфлуорооктаноните киселини (PFOA), за кои се вели дека предизвикуваат рак.

Луѓето сè уште пијат дождовница

Иан Казинс, кој го водел истражувањето, открил дека дождовницата насекаде во светот не е безбедна за пиење според стандардите на Соединетите Американски Држави, кои ја одредуваат нејзината максимална количина на штетни материи.

Тој исто така спомна дека луѓето во поголемиот дел од развиениот свет не пијат дождовница, но дека тоа сè уште го прават во многу неразвиени делови на светот или во пооддалечените делови на светот, каде што се очекува дека дождовницата е чиста, но тоа не е точно.

Анализата утврдила дека супстанците се опасни по здравјето, влијаат на плодноста, можат да го зголемат ризикот од рак и да предизвикаат потешкотии во развојот на децата.

Слични написи

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

dart

Поголемиот дел од бебињата родени во Англија и Велс во изминатата година, ги родиле немажени мајки

dart

Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.