Здравје

Може ли со сода бикарбона да се излекува уринарна инфекција?

 

Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД, уринарните инфекции се најчестите инфекции што ги добиваат луѓето.

Заради тоа што се толку вообичаени, се третираат на многу различни начини. Поради нивното често лекување со антибиотици, многу од бактериите стануваат отпорни на нив, што е опасно. Колку се бактериите поотпорни на антибиотиците во нашето тело, толку посилни и поадаптирани стануваат. На крајот, антибиотиците ќе престанат да бидат ефикасни. Ова може да доведе до повисок ризик од уште поголеми и поопасни инфекции.

Заради тоа, многу луѓе се одлучуваат да ги третираат уринарните инфекции со додатоци во исхраната, есенцијални масла, па дури и со сода бикарбона, наместо со антибиотик.

Како се користи содата во третманот на уринарните инфекции?

Поборниците на овој метод тврдат дека содата ја неутрализира киселината во урината, со што телото потоа самото може да се избори со бактериите. Тие, исто така, тврдат и дека содата помага за детоксификација на бубрезите, што ја спречува инфекцијата да се прошири во нив и да предизвика оштетување.

За користење на содата како лек за уринарни инфекции, камчиња, цистит, ешерихија коли, се препорачува следниот начин: една лажичка сода бикарбона да се раствори во 200 мл ладна вода. Овој раствор се пие 3-4 пати на ден во текот на три дена и потоа се прекинува.

Што велат истражувањата?

Нема многу научни докази кои потврдуваат дека содата може да излечи уринарна инфекција, но има докази дека содата, всушност, може да биде штетна за вашето тело. Освен тоа, ако се обидувате на своја рака да излечите некоја уринарна инфекција која мислите дека ја имате без да одите на лекар, ризикувате да превидите некоја поголема компликација која можеби ја направила инфекцијата.

И покрај тоа што содата е природна, сепак може да биде прилично штетна.

Препорачаната доза која се смета за безбедна за возрасни е половина лажичка сода бикарбона растворена во 120-250 мл вода на секои два часа. Сè што е повеќе од тоа може да предизвика компликации.

Благи компликации од предозирање со сода бикарбона се: мачнина, повраќање и болка во стомакот. Тешките компликации вклучуваат грчеви, кома и смрт. Особено треба да внимаваат трудниците кои користат сода бикарбона, да не го прават тоа без претходно советување со лекар.

Како да се заштитите од уринарни инфекции?

Ако сте склони кон уринарни инфекции, најдобро е да се обидете да ги превенирате. Центарот за контрола и превенција на болести на САД, ги препорачува следните начини за превенција на уринарни инфекции:

  • да уринирате пред и по завршување на сексуалниот однос
  • да пиете многу вода и да бидете константно доволно хидрирани
  • да избегнувате капење во полна када и наместо тоа да се туширате
  • по користење на тоалетот да се бришете од напред кон назад за да избегнете бактериите од изметот да дојдат во контакт со гениталната зона
  • урогениталниот тракт да го миете исклучиво со вода, да не користите производи кои ги иритираат гениталиите и можат да ја нарушат пх рамнотежата, како што се сапуни, пудри, спрејови и гелови за капење
  • ако користите сапуни за миење, тие нека бидат благи и нежни
  • мокрете веднаш штом ќе осетите дека ви се оди во тоалет, не одложувајте

 

Слични написи

Како да ја ублажите мачнината при патување со природни состојки

admin

Мирисот на цигари од облеката на возрасните е штетен за децата

Biba

Бруксизам – чкрипење со забите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.