Психологија

Многу играчки не се добри за детскиот развој

 

Научници од Универзитетот на Толедо утврдиле дека играчките можат да го кочат развојот на детето и дека децата кои имаат помалку играчки повеќе си играат, покреативни се и полесно се фокусираат на задачите и на играта.

Родителите често пати прават грешка со тоа што ги натрупуваат собите на децата со играчки, мислејќи дека така им помагаат. Меѓутоа, во неодамнешната студија спроведена во Толедо научниците откриле дека премногу играчки создаваат контраефект, така што децата не стануваат покреативни, туку брзо се заситуваат и потоа бараат нови.

Во текот на истражувањето, на две групи деца помали од три години им биле дадени 4, односно 16 играчки и потоа било набљудувано нивното однесување. Децата кои добиле помалку играчки подолго си играле со една играчка, биле пофокусирани и покреативни. Заклучокот на научниците е дека помалку играчки се подобри за развојот на детето, а дека повеќе играчки можат да го загрозат неговиот развој.

„Играчките чувајте ги надвор од видното поле на децата и редовно менувајте ги. Така децата постојано ќе се чувствуваат како да е Божиќ и ќе го доживуваат тоа како постојно да добиваат нови играчки. Децата нека имаат помалку играчки на располагање, повеќето сокријте ги и така детето нема да го дефокусираат премногу шарени предмети“, наведуваат истражувачите во резултатите од истражувањето.

На родителите, исто така, им се препорачува паметно да ги одбираат играчките, односно да одбираат такви кои ќе траат подолго и кои ќе ги поттикнуваат развојот, креативноста и фантазијата на децата.

 

Слични написи

Златни правила за родителите на тинејџери

Biba

Социјалната изолација во тинејџерските години може да доведе до хронични болести подоцна во животот

Biba

Зошто тинејџерите не ги слушаат родителите?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.