Гастрономија

Мини палачинки

 

Потребни состојки:

2 банани

2 јајца

1/3 чаша овесни снегулки

1/2 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Излупените и пресечени на половина банани ставете ги во блендер заедно со јајцата, овесните снегулки и прашокот за печиво. Изблендајте да се добие еднолична каша.
  2. Во лесно намастено тавче на средна температура со мала црпалка ставајте по четири палачинки да се пржат. Кога ќе се испржат од едната страна, превртете ги на другата. На ист начин постапете додека не се потроши целата смеса.
  3. Палачинките послужете ги ладни или топли, прелиени со мед, јаворов сируп или прелив по ваша желба, или декорирани со шеќер во прав, свежо или јаткасто овошје.

На здравје!

 

Слични написи

Фрапе од банана и аронија

Biba

Потпечени карбонара шпагети

Biba

Јафа бомбици

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.