Забава

Метод што треба да се применува и денес: како се зголемувала свеста на учесниците во сообраќајот во Амстердам пред 70 години

 

Колку повеќе учесници има во сообраќајот, толку поголем  хаос се прави. Често пати ниту сообраќајните правила не се почитуваат. Одговорот на прашањето зошто е тоа така, е многу едноставен: недоволна сообраќајна и граѓанска култура, која не е вродена, туку се учи.

Но, што да се прави кога високите казни и потенцијалот од фатални последици не се доволни за да се разбуди свеста кај добар дел од возачите, пешаците и велосипедистите?

Можеби одговорот лежи во употребата на неконвенционални методи, како на пример тој што се користел во Холандија пред седумдесетина години, базиран на јавна едукација, но и на јавно засрамување. Патролирањето на таканаречениот “известувачки џип” кој се користел во 1948 година на улиците низ Амстердам, значело дека во секое време можело да се слушне на улица: “Вие двајца таму! Не ја поминувајте улицата дијагонално! Поминете ја право! Ве молам почитувајте ги сообраќајните правила!” или “Господине, госпоѓо, одете по тротоарот! Нема доволно место за вас?” или “Секогаш чекајте трамвајот да помине пред да ја преминете улицата! Ова што го правите е премногу опасно!” или “Држете се на десната страна госпоѓо, улицата не е само Ваша!” или “Еј, момче, што правиш на улица? Качи се веднаш на тротоарот!” или “О-ла-ла господине, се изморивте од животот? Не? Никогаш не скокајте од трамвај во движење!”.

Што мислите, може ли ваквиот начин на едуцирање на учесниците во сообраќајот да биде ефикасен во денешно време и на нашите улици?

Погледнете во видеото како изгледало тоа во 1948 година на улиците низ Амстердам.

 

 

Слични написи

Како влијае првото утринско кафе на мозокот

Biba

Болоња се бори против загадувањето со бесплатно пиво, сладолед и карти за во кино

admin

Бесплатни онлајн часови за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца со Едуфронт

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.