Здравје

Мајките што дојат создаваат единствена храна за бебињата и имаат многу поздрави коски

Најсигурна и најздрава храна за бебињата секогаш е мајчиното млеко. Ги има сите потребни состојки за бебето и е најздравото нешто за бебето во првите шест месеци од неговиот живот.

Бебињата што цицаат се поздрави, имаат подобар ментален и емоционален развој, подобра развиена вилица и посилен имунолошки систем. Млекото ги има сите витамини и хранливи материи што воопшто му се потребни на вашето бебе.

Првите неколку дена од породувањето женските гради произведуваат колострум, а тоа претставува идеално прво млеко за бебињата. Тоа е густо жолтеникаво млеко што во првите моменти ги задоволува апсолутно сите нутритивни потреби на бебето. Системот за варење кај бебето се развива и подготвува за мајчиното млеко буквално со колострумот.

По одредено време, потребите за млеко на бебето се зголемуваат и млечните жлезди на мајката реагираат со тоа што почнуваат да продуцираат повеќе млеко. Стручњаците без размислување препорачуваат доење во првите шест месеци од животот на бебето.

Има безброј предности на доењето. Им помага на жените побрзо да се опорават од породувањето, побрзо да ја повратат старата тежина, имаат појаки коски и создаваат емоционална врска со бебето.

Доењето како вештина се учи и бара трпение. За некои мајки овој процес може да биде фрустрирачки и напорен, но со време станува полесен.

Доењето е процес што ќе даде бенефит и за мајката и особено за бебето.

Слични написи

Неочекувани ефекти од обична чаша вода

Biba

Брзата храна влијае негативно и на физичкото и на психичкото здравје

Biba

Арапски еликсир од три состојки кој гарантира младоликост

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.