Спорт

Манчестер Сити се договори за нов трансфер, а Калвин Филипс пристигнува за 42 милиони фунти

Челниците на Манчестер Сити вечерва се договорија за трансфер на нов играч, а овој пат тоа е играчот од средниот ред на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс.

Според британските медиуми, Филипс претходно ги договорил личните услови со Сити, а поради соработката со Гвардиола одбил понуди од голем број други клубови кои биле заинтересирани за неговите услуги.

Според Би-Би-Си, Лидс за овој трансфер ќе инкасира околу 42 милиони фунти со потенцијални бонуси во наредниот период. Според Дејвид Орнштајн, со бонусите Лидс Јунајтед на овој трансфер би можел да добие дополнителни три милиони фунти.
Воедно, ова ќе биде прво заминување на Филипс и од Лидс Јунајтед и од градот Лидс, со оглед на тоа што 26-годишниот фудбалер е роден во овој град и ги помина сите младински категории на Лидс Јунајтед за да го покаже својот целосен потенцијал во првиот тим предводен од Марсел Биелса.

„Филипс е навивач на Лидс уште од дете, целото негово семејство е исто така со Лидс и нема сомнеж дека со задоволство би останал на Еланд Роуд до крајот на својата кариера. Сепак, Сити може да вети трофеи, Лига на шампиони и нов пробив во кариерата“, пишува Sky Sports.
Според британските медиуми, Сити и Лидс се договориле за трансферот на играчот за врска Дарко Ѓаби, кој ќе му се приклучи на Лидс со договор вреден 5 милиони фунти.

Слични написи

Кристијано Роналдо со хет-трик против Атлетико

Biba

Жоао Феликс преоѓа во Манчестер Сити, со што ќе ѝ донесе на Бенфика заработка од неверојатни 120 милиони евра

Biba

Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.