Сцена

Мама миа! – Оскаровски бакнеж

Премиерата на вториот дел на популарниот мјузикл „Mamma Mia!“ во Лондон го одбележа сочниот холивудски бакнеж на двете оскаровки Шер и Мерил Стрип.

Фотографите го овековечија овој неочекуван потег, а корисниците на социјалните мрежи побрзаа да ја рашират фотката на 72-годишната Шер и 69-годишната Стрип, со коментари дека не им е баш најјасно што и зошто се случува.

Двете оскаровки во „Mamma Mia!Here we go again“ играат мајка и ќерка, па фановите останаа збунети која е целта на ваквиот, очигледно, ПР потег, за промоција на филмот за кој критичарите велат дека тешко ќе ја достигне славата на оригиналот од 2008 година што заработи над 600 милиони долари на киноблагајните  ширум светот.

Во продолжението, покрај Стрип и Шер, играат и Колин Фирт, Лили Џејмс, Енди Гарсија и други.

Слични написи

Принцот Хари и Меган Маркл се прошетаа на плажата Бонди во Австралија

admin

Елтон Џон ја објави најавата за долгоочекуваниот дует со Бритни Спирс

dart

Дури и во карантин, Џејсон Момоа секојдневно тренира со своите деца

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.