Спорт

Малерот на Дел Потро

Хуан Мартин Дел Потро, 30 годишниот аргентински тенисер, е најголемиот малер во водите на тенисот. На натпреварот со Хрватот Борна Ќориќ доби со уште една повреда, фрактура на десната патела.

Уште далечната 2009 година Дел Потро, кога го освои US Open, се закануваше да биде дел од големите како Федерер, Ѓоковиќ, Надал, Мареј. Но серијата на повреди драстично му ја уназадија кариерата. Имаше две повреди на зглобот на раката, поради кои изгуби неколку тениски сезони, и кога конечно се чинеше дека ќе ја заврши оваа сезона без повреда, на мечот во Шангај против Борна Ќориќ се лизна незгодно и падна на коленото. Се чинеше на момент дека ќе се извлече без поголеми последици, но лекарите утврдија дека има фрактура на пателата. Мораше да го предаде натпреварот.

“Ова е тежок момент за мене. Многу сум тажен. Ова е тежок удар, што ме остава без сила. Не го очекував ова и не размислував дека пак ќе мора да одам на рехабилитација”, изјави Дел Потро.

најдобриот аргентински тенисер си обезбеди место на турнирот во Лондон, на кој играат само најдобрите 8 тенисери, но со ваква повреда сигурно е дека за помалку од месец дена нема да може да се опорави за да учествува. Утеха му е можноста за Australian Open следната година.

Слични написи

Некомплетниот Вардар го победи Извиѓач

Biba

Прекрасна вест за почитувачите на Дражен Петровиќ

admin

Нов рекорд на Лионел Меси во Лигата на шампиони

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.