Гастрономија

Макарони со бешамел сос

 

Потребни состојки:

450 г макарони

За сосот:

120 г путер на собна температура

2-3 чешниња лук, ситно исечкани

120 г брашно

4 чаши топло млеко

сол и бибер по вкус

буковец, оригано и магдонос за декорација

Начин на подготовка:

  1. Стопете го путерот во тавче на ниска температура, потоа ставете го лукчето и пржете го додека да омекне. Додавајте една по една лажица брашно со постојано мешање и пржете го околу една минута. Потоа малку по малку додавајте топло млеко со постојано мешање, за да не се направат грутчиња. Откако сосот ќе почне да врие, продолжете со мешање уште неколку минути, да добиете мазна смеса со густина според ваш вкус. Ако е премногу густ, додајте уште млеко. На крај посолете и ставете црн бибер.
  2. Макароните сварете ги според упатството на пакувањето, исцедете ги од водата и префрлете ги во длабок сад за сервирање. Полејте ги со сосот, измешајте ги и декорирајте ги со буковец, оригано и магдонос. Сервирајте ги топли.

На здравје!

 

Слични написи

Чоколадни обланди

Biba

Нугатино торта

Biba

Брза лазања со печурки и спанаќ

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.