Забава

Мадона на удар на критики за чудна фотографија поставена на Инстаграм

 

Мадона беше на удар на критики поради објавата на Инстаграм, која нејзините следбеници ја нарекоа „ужасна“, на која се гледа како фотограф и држи нож под брадата.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии кои го промовираат нејзиното контроверзно снимање за „V Magazine“, а на една од нив се гледа фотографот Стивен Клајн со нож во раката.

 

Додека многумина ја коментираа фотографијата барајќи од Мадона да се воздржува од споделување слични фотографии во иднина, пејачката потоа покрена низа прашања за тоа како се однесува со своите работници поради описот што го напиша под фотографиите.

Велејќи дека го завршиле снимањето со речиси никаков буџет, Мадона напиша: „Уметноста не е мртва ако имаш сила да се бориш за она во што веруваш!!“

„Благодарам на сите што не поддржуваа и спиеја на каучи и работеа долги смени бесплатно за да ја поддржат Мадам Икс“, додаде таа.

Толку сум уморен од насилството врз жените и од „уметноста“ што го прикажува тоа“, напиша еден фрустриран корисник на Инстаграм, додека други ја опишаа фотографијата како „ужасна“.

Повикувајќи се на описот на фотографијата, некои истакнаа дека „сомнителна е и надокнадата на уметникот“, за што рекоа дека нејзиниот опис, во кој се нагласува дека „луѓето работат за неа бесплатно во име на уметноста“, е дефиниција за експлоатација.

Снимањето на Мадона за овој моден магазин претходно наиде на критики кога се појавија фотографии на кои пејачката ја пресоздава „смртната постела“ на Мерлин Монро.

Снимањето наводно било инспирирано од фотографијата на Берт Стерн „Последното седење со Мерилин“, која била изведена само шест недели пред нејзината смрт во 1962 година.

Слични написи

Талентираната пливачка ја прекина кариерата и почна да снима филмови за возрасни

dart

Писмо од Алберт Ајнштајн продадено на аукција за 32.000 долари

admin

На Долни Сарај ќе ги свират безвременските хитови на „Пинк Флојд“

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.