Гастрономија

Магичен леб без месење

 

Ова е рецепт за леб кој се прави без месење, за буквално пет минути мешање со водена дрвена лажица. Одвнатре е воздушест и мек, а однадвор крцкав. Не може да се утне.

Потребни состојки:

3 чаши брашно

1 1/2 лажичка сол

1/2 лажичка инстант квасец

1 1/2 чаша вода на собна температура

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте ги брашното, солта и квасецот. Потоа додајте ја водата и мешајте со лажица додека да добиете тврдо лепливо тесто. По потреба додајте уште неколку лажици вода. Покријте го садот со пластична фолија и оставете го тестото да отстои 12-18 часа на собна температура.
  2. Кога ќе бидете подготвени за печење, загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови и во неа загрејте го огноотпорниот сад во кој ќе се пече лебот (околу 30 минути). Тестото префрлете го на добро набрашнета површина (може врз хартија за печење) и обликувајте топка (без месење) наросена со брашно.
  3. Заедно со хартијата за печење префрлете го тестото во огноотпорниот сад и печете го покриено со капак околу 30 минути. Потоа тргнете го капакот и печете го лебот откриен уште 10-15 минути да добие златнокафеава крцкава кора. Потоа извадете го од рерна и сервирајте го топол или ладен по ваша желба.

На здравје!

 

Слични написи

Бела пица со песто од магдонос

Biba

Вкусна и здрава крем супа од блитва

Biba

Алкохолен десерт: Направете розеви гумени бонбони

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.