Патуваме

Лисабон – европска престолнина која мора да се посети

Престолнината на Португалија, Лисабон, секоја година ја посетуваат сè повеќе туристи. Доколку сте и вие едни од идните посетители на оваа европска метропола, ви предлагаме неколку работи кои мора да ги направите додека сте таму и локации кои задолжително треба да ги посетите.

Стариот град. Во стариот дел на Лисабон ќе најдете некои од најпознатите историски градби во овој дел на Европа. На врвот на листата се наоѓа впечатливата кула Белем со прекрасен поглед кон морето, а во непосредна близина се наоѓаат и Јеронимовиот манастир и пристаништето Васко де Гама.

Кулата Белем

Јеронимовиот манастир

Возење со трамвај. Иако е релативно поскап во однос на другите европски дестинации, користењето на градскиот трамвај како јавен превоз е најдобриот начин да патувате низ Лисабон. Некои жолти трамваи кои и денеска се во употреба, датираат уште од триесеттите години на минатиот век.

Уметнички галерии. Низ улиците на Лисабон на секој чекор ќе наидете на музеј или на уметничка галерија. Меѓу најпосетените е Museo Arte Antiga во кој се наоѓаат преку 40 000 артефакти – некои од нив се национално богатство, како и светски познати слики од 19 век.

Тврдината Св. Ѓорѓи. Иако искачувањето до дворецот Св. Ѓорѓи не е за луѓе со слабо срце, погледот оттаму кон реката Тагус е воодушевувачки и нема да се покаете ако го посетите. Древниот замок првобитно го изградиле Римјаните, а го обновиле Маварите чие седиште бил повеќе од 400 години.

Панорамски поглед од тврдината Св.Ѓорѓи

Морски плодови. Љубителите на морска храна во Лисабон ќе се чувствуваат како во рајот. Градот е познат по вкусните јадења направени од морски плодови и тешко ќе пронајдете ресторан кој не служи барем сардини.

Селото Синтра. Бајковитото село Синтра се наоѓа на само 40 минути возење со воз од Лисабон. Најзначаен објект во ова село е палатата Пена која ќе ве маѓепса со својата архитектура. Во внатрешноста на величествениот енериер ќе наидете на мноштво непроценливи антиквитети, а не заборавајте да ги истражите и преубавите градини.

Селото Синтра

Палатата Пена

 

 

Слични написи

Мароко – портата на Африка

dart

Астана и нејзината симболика

admin

Забавен парк среде пустина во Абу Даби

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.