Сцена

Леонардо ди Каприо поминува време со мистериозна дама и кружат гласини дека се во врска

Леонардо ди Каприо „уловен“ во друштво на мистериозна дама, а американските медиуми пренесуваат дека се во врска.

Забавата ја организираше пејачката Ебони Рајли по повод објавувањето на нејзиниот прв албум. Изворите навеле дека Леонардо и непознатата девојка биле интимни.

На крајот на декември, актерот неколку пати беше виден со 23-годишната актерка Викторија Ламас. Изворот тогаш откри дека се заедно, но дека не сакаат јавно да соопштуваат дека се во врска. Сепак, се чини дека на нивната љубовна приказна и дојде крајот.

 

Инаку, Леонардо летово беше во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено дека повеќе сака жени кои се под 25 години.

“Кога девојките ќе наполнат 25 години, тие бараат повеќе – тие сакаат да се венчаат и да се смират. Тоа не го сака Лео. Тој не сака семејство и не сака да биде во близина на жени кои би можеле да го притиснат за тоа“, рекол изворот.

Потсетуваме дека Леонардо раскина со 25-годишната Камила Мороне во август. После тоа медиумите го поврзуваа со Џиџи Хадид.

Слични написи

Ford v Ferrari – филм што не се пропушта

Biba

Хали Бери и Марк Валберг заедно ќе снимаат шпионски филм

dart

“Beautiful People” – долгоочекуваниот дует на Ед Ширан и Калид

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.