Технологија

Куќа направена со помош на 3D печатар

Полека но сигурно, како и во многу други индустрии, така и во градежништвото, употребата на 3D печатари станува сè поактуелна.

Предноста на овој тип на градба е брзото време за изработка, но и цената. Може да се изработат за 24 часа и да чинат не повеќе од 4.000 долари.

Американската компанија New Story во март оваа година ја презентираше својата прва 3D печатена куќа со големина од 25 квадратни метри, со цена за изработка од 10.000 долари, и време за изработка од само 48 часа. Од компанијата објаснуваат дека во моментот кога ја работеле куќата, 3D печатарот со назив Vulcan работел со само 25% од брзината, па затоа сметаат дека времето за кое може да се изработи куќа од 37-74 квадратни може да достигне и 24 часа.

Тестирањето е направено во Остин, Тексас, а се очекува производството да почне следната година во Ел Салвадор.

3D печатарот Vulcan може да ги изработува куќите на лице место поради неговата подвижност. Прототипот на куќата што е изработена има дневна соба, спална соба , бања и мал простор за работа.

Слични написи

Пронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search

dart

Кинеската сонда Chang’E-4 се подготвува за слетување на Месечината

admin

Samsung Galaxy A9, првиот смартфон со 4 задни камери

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.