Гастрономија

Крем сос од лук

 

Потребни состојки:

1/2 чаша вода

2 лажици ситно исечкан лук

1 лажица лук во прав

2 чаши павлака

2 лажици пченкарно брашно

1 лажица магдонос

сол и бибер по вкус

Подготовка:

  1. Половина од водата ставете ја во тавче на средна температура да зоврие. Додајте ги свежиот и лукот во прав и нека врие додека да испари скоро целата вода, околу 5 минути.
  2. Потоа додајте ги павлаката, солта, биберот и ситно исечканиот магдонос.
  3. Во другата половина од водата што ви остана измешајте го пченкарното брашно и додајте го во сосот. Гответе додека да добиете густа конзистеција, околу три минути.
  4. Сосот послужете го со месо, пржени компирчиња, чипс или салата по избор.

На здравје!

 

Слични написи

Четири начини за правилно стерилизирање тегли за зимница

dart

Мока кафе со какао

Biba

Индиски лепчиња (наан) со лук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.