Забава

Корисни трикови со кои ќе заштедите пари додека патувате

Луѓето што најмногу патуваат знаат и најмногу да заштедат користејќи трикови што го овозможуваат тоа.

Џефри Морисон е еден од авантуристите што патувал насекаде низ светот и решил своите тајни и трикови да ги сподели со останатите што ќе се решат да се впуштат во авантура.

Еве неколку од неговите тајни кои можат да ви помогнат да поминете поевтино и да заштедите при патувањата.

  • Заборавете сè што знаете за хостелите. Приказните што сте ги слушале во минатото за хостелите, за нивната хигиена или можни опасности, баш и не се вистинити. Хостелите се чисти, евтини, соодветни за сите возрасти и прилично се убави. Џефри Морисон препорачува интернет страници како Hostelworld и Hotelz на кои може да најдете мислења, фотографии и оцени од луѓе што престојувале во нив. Со престој во хостелите ќе заштедите прилично пари. Единствена забелешка е што најчесто ќе треба да ја делите бањата со повеќе луѓе.
  • Прескокнете ги посетите на рестораните. Препорака е доколку сакате да го намалите трошокот – не јадете во ресторани, туку користете локални продавници што продаваат храна. Во хостелите има фрижидери во кои може да ги чувате продуктите.
  • Не пакувајте премногу работи. Секогаш внимавајте на количината на работи што ги пакувате – торбата ќе ја носите на рамена, па мора да ја намалите тежината. Користете ранец во кој ќе ги ставите само потребните работи, така што нема да имате потреба да користите такси за движење од точката А до точката Б.
  • Користете сим картичка од земјата каде што престојувате. Секогаш купувајте сим картичка од државата во која престојувате, затоа што така комуникацијата ќе ви биде поевтина. Избегнувајте да купувате сим картички на аеродромите – таму се најскапи.
  • Избегнувајте ги замките за туристи. Сите дестинации имаат класични замки за туристи како специјализирани продавници, ресторани и слични објекти што имаат за цел да ги привлечат туристите кои ќе потрошат многу пари во нив за работи што се поевтини на друго место на истата локација.
  • Купувајте карти за јавен превоз – метро, автобуси, и тоа оние што нудат најголем број на возења. Тие се секогаш најевтини.

Слични написи

Зошто мажите сакаат лоши девојки

dart

Најпознати филмски адаптации на книги од Стивен Кинг

Biba

Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.