Љубов и секс

Колку пати неделно треба да имаме секс за да го забавиме стареењето?

 

Според најновите истражувања, сексот го успорува стареењето на човечкиот организам. Го елиминира стресот, го подобрува спиењето, го намалува крвниот притисок, го јакне имунитетот и дефинитивно го успорува стареењето.

Научниците од Универзитетот на Калифорнија спровеле истражување за сексуалните навики на 129 мајки кои биле во врска. Учесничките во истражувањето секојдневно правеле извештај за тоа колку се задоволни од својата врска и колку често се интимни со своите партнери. Освен тоа, истражувачите земале крв од испитаничките за да ги анализираат индикаторите за стареење на организмот.

Кога ги споредиле тие индикатори со нивните извештаи, пронашле интересен образец во целото истражување.

Студијата покажала дека мајките кои во текот на неделата со своите партнери биле интимни барем еднаш, имале подолги теломери (врвчиња на крајот на ДНК низата кои ги заштитуваат хромозомите од скратување), што значи дека сексот го намалува стареењето на клетките, а со тоа и на организмот.

Теломерите со текот на годините природно се скратуваат и со време умираат. Значи колку се краевите подолги, толку подолго клетките остануваат живи. Теломерите ги уништува лошата исхрана, алкохолот, пушењето, но и природниот процес на стареење. Скратените теломери се поврзуваат и со разни болести како рак, дијабетес и проблеми со срцето.

Физичката активност, квалитетната исхрана, и според ова истражување – редовниот секс, можат да помогнат во заздравувањето и издолжувањето на теломерите. И други истражувања сугерираат дека како што човекот старее, теломерите го одржуваат физичкото и менталното здравје и помагаат да се продолжи животот.

Освен што со сексот го одржувате телото и организмот млади, ја одржувате и врската со партнерот. Сексот еднаш неделно ги прави паровите среќни и весели и ја негува нивната поврзаност.

 

 

Слични написи

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Детаљ за време на сексот кој открива неверство

Biba

Митови и вистина: Што ќе се случи ако извесно време апстинирате од секс?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.