Љубов и секс

Колку пати неделно имаат секс среќните парови

Паровите кои секојдневно имаат секс, не значи по дефиниција дека се и посреќни, тврди студија која опфатила податоци за 40 000 Американци, собирани во период од 40 години, а е објавена во списанието “Social Psychological and Personality Science”.

Откако претходни студии потврдија дека поголемото богатство не е поврзано со повисоко ниво на среќа, водечката авторка на студијата Ејми Мјуз се запрашала дали истото важи и за сексот, според неа – аспект од животот за кој се мисли дека е поврзан со поголема среќа.

Истражувачите откриле дека паровите кои имаат секс еднаш неделно се посреќни од тие кои имаат секс поретко од тоа, но водењето љубов почесто од еднаш неделно не е поврзано со повисоко ниво на добросостојба. Резултатите биле конзистентни независно од полот, возраста и должината на врската.

Студијата открила дека паровите кои имаат секс поретко од еднаш месечно и оние кои имаат секс еднаш неделно, пријавиле разлика во задоволството од животот која е многу поголема од онаа која ја пријавиле парови кои заработуваат 15 000 – 25 000 долари годишно и оние кои заработуваат меѓу 50 000 – 70 000 годишно.

Авторката не е сигурна зашто оваа фреквенција на водење љубов од еднаш неделно е идеална, можеби заради тоа што луѓето сметаат дека тоа е доволно за да ја одржат близината и интимната врска, вели таа.

Што се однесува до луѓето кои не се во врска, истражувачите кај нив не нашле поврзаност помеѓу честотата на сексуалните односи и чувството на среќа.

Слични написи

9 неточни митови за сексот за време на бременост

dart

Најчестите лаги што ги кажуваат мажите на првиот состанок

Biba

Најпопуларната секс поза на сите генерации

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.