Здравје

Колку е безбедно да имате секс додека сте болни од грип

Зимата се наближува, а со тоа и периодот на грип и настинки.

Замислете вакво сценарио: со денови лежите во кревет болни од грип и во еден момент чувствувате малку енергија и желба за секс.

Смеете ли да си ја задоволите таа желба?

Лекарите велат дека треба да се внимава на пренесувањето на грипот. Тој се пренесува преку капки и течности, значи со кивање, кашлање, дишење, ракување и секако со бакнување. Вирусот во течностите живее 24 часа на површини како маса, додека на чаршавите преживува час до два, а на рацете 15 до 30 минути.

Ако лекарите имаат правило дека треба да се оддалечиме од болен од грип на два метри, а сексот е практикување на блискост и директен контакт, и веројатноста дека ќе имате секс без вашиот грипосан партнер да ви кивне или без да се закашла е многу мала, тогаш јасно е дека е препорачливо да се избегнува сексот во тој период.

Крајниот совет во овој случај е дека во период кога еден од партнерите е болен од грип дефинитивно треба да се апстинира од сексуални активности.

Слични написи

Колку вистински трае одморот од седум дена

Biba

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето

Biba

Препораки од нутриционистите за време на топлите летни денови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.