Здравје

Колку вистински трае одморот од седум дена

 

Дали некогаш сте се запрашале колку реално трае одморот од седум дена? Се враќате од 7-дневен одмор, или од викенд, и се чувствувате како воопшто да не сте биле да одморите?

Истражување направено во САД, во кое учествувале 2000 лица на возраст од 25 до 55 години, тврди дека, всушност, седумдневниот одмор за организмот се сведува на тридневен.

Заклучокот на научниците е тој што и без нив веќе го знаеме – нивото на стрес останува исто кај оние кои на одмор заминале на пократко од три дена.

Со други зборови, најмалку три дена одмор ѝ се потребни на возрасна личност за да ѝ почне вистинскиот одмор, односно да почне барем малку да се опушта – е заклучокот од истражувањето. Првиот ден и онака немате многу време за опуштање – тој ден обично е резервиран за патување, пристигнување, сместување, кратко запознавање со новата средина и замор поради сето наведено. Вториот ден повеќето го поминуваат во прилагодување на новото опкружување, а дури потоа почнува процесот на опуштање.

Сепак, на многу од луѓето им е потребно и подолго време на прилагодување кога се на годишен одмор, а низ обичен разговор ќе сфатите дека и на многумина одморот прерано им завршува – веќе последниот, па и претпоследниот ден, почнуваат да чувствуваат зголемен стрес поради самиот факт што крајот на одморот се ближи и ќе треба да се вратат на работа.

Што се однесува до типот на одморот, 35 % од испитаните се изјасниле дека својот одмор сакаат да го поминат во опуштање и буквално одмарање. Авантуристичко патување е прв избор за 38 % од испитаниците, а според експертите, најдобрата варијанта е добра комбинација од двете опции, се разбира, под услов да имате доволно денови.

 

Слични написи

Бета-глуканите го подобруваат имунитетот

dart

Пушачите и љубителите на кафе треба да јадат по 10 бадеми дневно

dart

Како да се справите со нискиот притисок

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.