Гастрономија

Колбаси со зеленчук потпечени во рерна

 

Потребни состојки:

1 компир исечкан на коцки

350 г боранија

1 главица брокула разделена на цветчиња

2 големи пиперки исечкани на залчиња

260 г колбаси исечкани на тркалца

6 лажици маслиново масло

1/4 лажичка буковец

1 лажичка мелен црвен пипер

1/2 лажичка лук во прав

1 лажица оригано

1 лажица сув магдонос

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  2. Голема тепсија обложете со алуминиумска фолија.
  3. Наредете го исечканиот зеленчукот заедно со колбасите на фолијата и распоредете го подеднакво низ тепсијата.
  4. Одозгора сипете го маслиновото масло и сите зачини. Измешајте ги зеленчукот и колбасите да се покријат со масло и со зачини.
  5. Печете 15 минути, потоа измешајте го зеленчукот да се испече од сите страни и вратете ја тепсијата уште 10-15 минути во шпорет, додека колбасите и зеленчукот да се допечат.
  6. По желба, одозгора изрендајте пармезан, декорирајте го јадењето со свеж магдонос и послужете го топло со прилог од ориз.

На здравје!

 

Слични написи

Брзо и сочно колаче од какао, без јајца и млеко

Biba

Мини палачинки

Biba

Домашни тортиљи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.