Гастрономија

Колаче со лимон

 

Потребни состојки:

70 г путер на собна температура

120 г шеќер

2 јајца

140 г брашно

1 лажичка прашок за пециво

ситно изрендана кора од 1 лимон

50 мл млеко

За преливот:

30 г шеќер

сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  2. Путерот и шеќерот изматете ги со миксер да добиете пенеста смеса. Додајте ги јајцата и повторно изматете. Потоа во смесата ставете ги брашното, прашокот за пециво, кората од лимон и млекото, и измешајте со дрвена лажица да се изедначат состојките.
  3. Истурете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење и печете 25-30 минути.
  4. Потоа лимоновиот сок измешајте го со шеќерот. Овој прелив излејте го врз колачето додека е сè уште топло. Послужете го колачето откако целосно ќе се олади. Можете да го декорирате со ситно изрендана кора од лимон.

На здравје!

 

Слични написи

Палачинки без јајца и млеко

admin

Путер од кикирики

Biba

Мусака од модар патлиџан и леќа

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.