Љубов и секс

Кои начини на однесување се штетни за бракот

Релациите меѓу луѓето се наука. Американскиот психолог Џон Готман кој ги проучува брачните односите веќе 40 години, утврдил четири опасни начини на однесување кои се најголемите причини за развод. Овие однесувања тој ги нарекува “четворица јавачи на апокалипсата”.

Тој ни открива како да ја зацврстиме врската и како да ја вратиме и засилиме љубовта во бракот.

Покажувате непочитување

Однесување: едниот од партнерите го исмејува другиот приватно или јавно, му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Едноставно кажано, брачниот другар со ова однесување покажува дека не го цени својот партнер и дека се чувствува многу поважно и повредно од него/неа.

Како да ја поправите ситуацијата: ставете се на местото на вашиот партнер кој сте го изложиле на потсмев и пробајте да видите како се чувствува. Потоа, секогаш кога ќе ви дојде желба да ја исмеете, сетете се колку ја сакате таа личност.

Критикувате

Однесување: едниот партнер се иритира на секоја грешка на другиот и се навраќа и на другите слични ситуации од минатото. Како резултат на тоа, партнерот почнува да ја критикува личноста наместо нејзината постапка, со зборовите “Секогаш, сè правиш како што не треба” и слични.

Како да ја поправите ситуацијата: не користете агресивен тон во разговорот и никако немојте еден мал проблем да го трансформирате во илјада други. Мирно замолете го партнерот некои работи да ги прави поинаку следниот пат и уште подобро, кажете го тоа попатно, без да придавате преголемо значење на ситуацијата. Резултатите ќе бидат многу подобри.

Се однесувате одбранбено

Однесување: едниот од партнерите мисли дека погрешил нешто и за да избегне критика веднаш почнува да се брани и тоа го прави прилично агресивно. При тоа, користи фрази како на пр.: “Тоа не е моја вина” и “Јас, всушност, не требаше воопшто тоа да го правам”. Како резултат на ова, другиот партнер одговара исто така остро и кавгата завршува со болни меѓусебни обвинувања.

Како да ја поправите ситуацијата: во вакви ситуации најдобро е партнерите да преземат одговорност за своето однесување и да се извинат еден на друг. Така нема да изгубите многу време на бесмислено аргументирање, туку ќе можете да го искористите тоа време многу попријатно.

Избегнувате конфликти

Однесување: кога насетувате дека ќе има бурна кавга, некои луѓе сакаат да одговорат на обвинувањата брзо и без никакви емоции. Други пак, го игнорираат партнерот на сите можни начини.

Како да ја поправите ситуацијата: не бегајте и не останувајте сами со своите емоции. Пробајте да го решите проблемот веднаш, на мирен и сталожен начин. Тоа е вашиот сопруг/сопруга. Сè што се става под тепих со време станува само поголемо и доаѓа до пукање на врската.

Слични написи

Работи кои не треба да ги правите пред или после водење љубов

dart

Секс поза која гарантира вртоглави оргазми

Biba

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.