Гастрономија

Кафе со карамел сос

 

Потребни состојки:

1 чаша млеко

1/4 чаша карамел сос (дома направен или купечки)

1 лажичка кафеав шеќер

2 чаши сварено кафе (околу 450 мл)

шлаг или матена слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Во лонче на средна температура ставете го млекото, карамелот и кафеавиот шеќер. Оваа мешавина загревајте ја 4-5 минути со постојано мешање, додека да стане пенеста.
  2. Кафето направете го на вашиот омилен начин и сипете го во две чаши.
  3. Додајте ја подеднакво на двете места мешавината со млеко и измешајте.
  4. Во кафето додајте шлаг и одозгора декорирајте со карамел. Уживајте во вкусниот напиток.

На здравје!

 

Слични написи

Колаче со банани

Biba

Протеинско ледено кафе од три состојки

admin

Брокула и карфиол потпечени во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.