Гастрономија

Карамелизирани ореви

 

Потребни состојки:

1 чаша ореви (на половинки или крупно сечкани)

1/4 чаша шеќер

1 лажица путер

1/4 лажичка цимет (опционално)

Начин на подготовка:

  1. Во тавче на средна температура ставете ги оревите, шеќерот, путерот и циметот. Мешајте постојано додека да се стопат путерот и шеќерот, и оревите подеднакво да се покријат со карамелот (приближно пет минути, внимавајте да не изгорат).
  2. Префрлете ги оревите на хартија за печење и веднаш раздвојте ги со две виљушки (или во купчиња префрлете ги во хартиени калапчиња спремни за послужување).
  3. Сервирајте ги откако целосно ќе се оладат како благи грицки, додајте ги во овошни и солени салати, или ставете ги врз колачиња и торти како декорација или наместо глазура.

На здравје!

 

Слични написи

Топла салата од киноа и зеленчук

Biba

Лосос во црвен сос

Biba

Чизкејк салата со јагоди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.