Здравје

Калорични продукти кои треба да ги избегнувате ако сакате да имате рамен стомак

 

Слабеењето е секогаш тешка борба, а отежнува и фактот дека производителите на храна имаат пакувања и маркетинг што нездравата храна ја претставуваат како здрава.

Иако луѓето се обидуваат да живеат здраво, често во продавниците одбираат продукти што само изгледаат здраво, а всушност имаат многу калории и скриен шеќер.

Експертите издвоиле неколку продукти што би требало да ги избегнувате доколку сакате рамен стомак.

  • Рафинирани житарки. Намирници како белиот леб, белиот ориз и разни печива, спаѓаат во категоријата на рафинирани житарки. Треба да знаете дека со обработката на овие продукти се отстрануваат влакната и другите хранливи материи, и заради тоа побрзо огладнуваме и повторно јадеме.
  • Храна и пијалаци со додаден шеќер. Сосот за тестенини, овошни сокови и овошни јогурти, се производи што би требало да се избегнуваат. Произведувачите често додаваат шеќер во нив во облик на конзервиран сок, концентрат и фруктозно-пченкарен сируп. Храната и пијалаците со многу шеќер играат голема улога кога станува збор за дебелината и проблемите поврзани со неа. Ако се претера, дури и природните шеќери можат да доведат до дебелеење.
  • Обработена храна. Обработената храна како пакувано месо, пакувани грицки и конзервирани пијалаци, исто содржат голема количина шеќер, сол и маснотии. Емулгаторите, конзервансите, аромите и боите даваат вкус, но и дебелеат.
  • Печена и мрсна храна. Во оваа категорија спаѓаат бургерите, помфритот, пржено пилешко, пица. Оваа храна најчесто ја консумираме надвор од домовите, каде што се користи лошо и нездраво масло за готвење. Освен дебелеење, може да предизвика и развој на дијабетес тип 2, како и кардиоваскуларни проблеми.
  • Алкохол. Поголемиот дел од луѓето не го знаат влијанието на алкохолот врз телесната тежина. Повремено консумирање не пречи, но претерувањето може да доведе до дебелеење.
  • Замрзнати јадења. За да остане храната подолго свежа и употреблива, производителите најчесто ставаат натриум и конзерванси. Вишокот на натриум прави во телото подолго да се задржува водата која ви ја зголемува тежината.

 

Слични написи

Фрламе еден од најздравите делови од лубеницата

Biba

Киселини за време на бременоста

Biba

Пробиотиците заштитуваат од алергии, грип и непријатен здив

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.