Забава

Како да ги организирате книгите во вашиот дом

За многу љубители на читањето, кога се работи за книгите, најголем проблем претставува да ја најдат книгата што во моментот им треба, бидејќи книгите не се добро организирани или пак имаат толку многу што домот им наликува на библиотека.

За почеток, потребно е сите книги да ги соберете на едно место. Наредете ги во една просторија и подредете ги според некој критериум. Книгите кои сакате да се гледаат ставете ги во отворени полици, а оние кои не сакате да се гледаат или ретко ги користите, може да ги наредите во затворени полици или шкафчиња.

  • Подредување по азбучен ред. Ова е веројатно најпрактичниот метод на организирање. Може да ги наредите според азбучниот редослед на имињата/презимињата на авторите, или пак да бидете похрабри и да ги редите според почетната буква на насловот на книгата.
  • Подредување според жанр. Класици, стручна литература, белетристика, детски книги, прирачници… Размислете дали некоја група може да се организира и на подгрупи, на пр. стручна литература: психологија, филозофија, интернет технологија и сл. Или белетристика: историска фикција, научна фантастика, трилери, љубовни романи итн.
  • Подредување според бојата на корицата. Овој начин на организирање е за оние кои можат лесно да ја препознаат книгата според бојата на нејзиниот ‘рбет, а и за оние книги кои не ги користите често, па сакате да внесете малку свежина во собата.

  • Хронолошко подредување. Наредете ги книгите според историскиот период на кој припаѓаат, на пр. почнувате од античкиот период, среден век, ренесанса итн.
  • Во купчиња. Повеќето од нас книгите ги редиме исправено, но и подредувањето во купчиња може да биде естетски, посебно ако имате помала колекција на книги. Овој начин земете го предвид ако имате стари и раритетни примероци на книги кои подобро ќе се зачуваат една врз друга отколку исправени.

  • Групирајте ги заедно книгите кои сè уште не сте ги прочитале. На овој начин книгите нема да се “изгубат” помеѓу другите наслови. Секогаш ќе ви бидат на едно место оние кои не ви се прочитани, без да мора да лутате по полиците да барате одредена книга.
  • Подредување според висина и дебелина. Книгите со иста или слична висина и број на страни чувајте ги заедно за да добиете уреден изглед на полиците. На овој начин ниедна книга нема да стрчи.

  • Подредување според состојбата на корицата. Ова е уште еден начин за ограничување на визуелниот неред на полиците. Книгите кои се постари, изабени или искинати, чувајте ги на едно место, а новите книги и оние кои имаат добро зачувани корици на друго.

И не заборавајте: книгите кои повеќе не ви требаат или не ги сакате – немојте да ги фрлате. Подобро подарете ги, однесете ги во најблиската библиотека или во некое училиште, каде ќе можат уште долго да се користат.

Слични написи

Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата

Biba

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Скопската зоолошка градина доби несекојдневна принова

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.