Психологија

Каков прв впечаток оставате врз основа на вашата телесна градба

Луѓето се склони обликот на телото на непозната личност да го поврзат со особините на личноста.

Првите впечатоци кои ги стекнуваме при запознавањето со непознати луѓе, не се темелат само на стисокот на раката при поздравувањето или контактот со очите. Според резултатите на истражувањето објавено во списанието Psychological Science, заклучоците за таа личност ги носиме и врз основа на нејзиното/неговото тело.

„Нашата студија укажува на тоа дека луѓето често првите заклучоци за некоја личност ги носат врз основа на нивната телесна градба. Стереотипите во врска со обликот на телото на личноста која ја запознаваме можат да придонесат за начинот на кој ќе ја процениме личноста и на кој ќе комуницираме со неа“, вели водачот на истражувањето, психологот Јинг Ху од Универзитетот на Тексас.

Истражувањата кои се правени порано, покажуваат дека многу социјални заклучоци за некоја личност носиме гледајќи го нејзиното лице и мимиките, но малку се истражувањата кои испитувале во која мерка градбата на телото влијае на нашата проценка за личноста.

„Сакавме да дознаеме дали може на предвидлив начин, врз основа на градбата на телото, да процениме каква е личноста со која се запознаваме… мрзлива, иритантна, дали може да ѝ се верува…“, вели Ху.

Во неговото истражување учествувале 76 студенти. Заедно со колегите, Ху создал тродимензионални визуелизации на 140 облици на тело, 70 машки и 70 женски. Испитаниците требале да го поврзат изгледот на личноста со нејзините особини, а секое тело го гледале од два агли. На располагање имале триесет зборови со кои требале да ја опишат личноста.

Се покажало дека повеќето испитаници дебелите луѓе ги поврзувале со негативни особини, како мрзливост и немарност. На послабите им припишувале позитивни карактеристики, како самоувереност и ентузијазам. Студијата покажала дека испитаниците, жените со класични ‘крушовидни’ облини ги доживеале како екстровертни, иритантни и кавгаџики. На ист начин ги доживеале и мажите, кои заради широките рамења биле сметани за помажествени. Спротивно на тоа, мажите и жените со ‘набиен’ облик на телото ги процениле како пасивни и срамежливи, но личности на кои може да им се верува и полни со топлина.

„Колку што знаеме, ова е прво истражување кое го проучува впечатокот за другите врз основа на нивниот облик на телото, а не само врз основа на нивната висина и тежина“, вели коавторката на студијата, Алис О’Тул.

Склоноста да се носат заклучоци за особините на личноста врз основа на телесната градба е најверојатно универзална тенденција, сметаат научниците, но нагласуваат дека носењето прецизни заклучоци варира зависно од животната доба, етничката припадност, културата од која потекнуваат…

„Резултатите од истражувањето даваат нова димензија во науката во врска со првиот впечаток, откривајќи сложени проценки кои луѓето ги прават за потполни странци само врз основа на нивната телесна градба“, заклучува професорот Ху.

Слични написи

Прочитајте ги луѓето брзо и едноставно: говорот на телото е помоќен од зборовите

Biba

Како да најдете рамнотежа ако сте интроверт во бучниот и зафатен свет

Biba

Потиснувањето на лутината е лошо за срцето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.