Љубов и секс

Каква порака да ѝ испратите на личноста која ви се допаѓа

 

Со секој ден сè повеќе се зголемува бројот на запознавања преку интернет и преку социјалните мрежи. Како луѓето да се плашат за запознавање и комуникација во живо.

Еве неколку насоки како да остварите контакт преку интернет и социјалните мрежи на исправен начин.

  • Никогаш не го коментирајте изгледот на личноста на којашто ѝ праќате порака. Ова секогаш е првото правило на интернет комуникацијата. Најчесто пораките каде што се коментира или се делат пофални зборови за изгледот, луѓето ги игнорираат.
  • Барајте ги заедничките интереси на профилот. Пред да почнете да праќате чудни и нејасни пораки, разгледајте го профилот на лицето што сакате да го исконтактирате и најдете ги заедничките интереси. Потоа може да искомуницирате и да започнете комуникација за интересите што ви се заеднички.
  • Бидете искрени и не праќајте излитени фрази познати на интернет. Тоа секогаш се смета за неоригинално и таквите комуникации најчесто се отфрлаат и завршуваат пред и да почнат.
  • Ако личноста е заинтересирана за вас, ќе знаете. Битно е да знаете дека кога комуницирате не решавате математички проблем, опуштете се и одговарајте на пораките како со пријател, нема потреба од филозофирање. Поставувајте прашања за хобијата, интересите и работите што ги сака. Ако личноста со која комуницирате редовно ви одговара на пораките, тогаш е јасно дека е заинтересирана за вас, но ако одговорот го добивате ретко – значи дека личноста и не е заинтересирана за контакт со вас.
  • Контактот преку интернет пренесете го во живо.  Доколку комуникацијата оди во вистинскиот правец, тогаш треба да размислите да ја пренесете од виртуелна во вистинска реалност. Видете се со личноста во живо, на кафе муабет.

Доколку во целава ситуација комуникацијата не оди во вистинскиот правец, исправно е да го прекинете контактот и да побарате личност со која ќе имате позитивна комуникација.

 

Слични написи

Пет работи што не треба да ги правите пред секс

Biba

Колку пати неделно треба да имаме секс за да го забавиме стареењето?

Biba

За што фантазираат жените и мажите во кревет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.