Гастрономија

Италијанско тирамису

 

Потребни состојки:

40 пишкоти (приближно)

200 мл сварено и процедено кафе

500 г сирење маскарпоне

500 г слатка павлака

200 г шеќер во прав

2 лажици какао

4 лажици ликер од кафе

1 лажичка лимонов сок

Начин на подготовка:

Фил:

  1. Слатката павлака изматете ја со постепено додавање на шеќерот во прав.
  2. Кога ќе се измати, со лажица додавајте го маскарпонето, потоа лимоновиот сок и измешајте убаво да се соединат состојките.

Постапка за редење:

  1. Во оладеното и процедено кафе додајте го ликерот и измешајте.
  2. Пишкотите потопувајте ги во кафето и редете ги во правоаголно тавче.
  3. Кога ќе се покрие дното на тавчето со пишкоти, врз нив полека намачкајте половина од филот. Постапката повторете ја уште еднаш за останатите пишкоти и фил.
  4. Најодозгора со цедалка наросете какао или ситно рендано чоколадо.

На здравје!

 

Слични написи

Ледено кафе без шеќер, со необичен додаток

dart

Хранливо и вкусно зелено смуди

Biba

Брокула и карфиол потпечени во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.