Гастрономија

Италијанска салата со маслинки

 

Потребни состојки:

350 г боранија

10 компири

1/2 чаша оцет балсамико

1 мала главица црвен кромид, ситно исечкан

60-70 г маслинки без семки, исцедени од течноста

сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Боранијата и компирите сварете ги, компирите исечете ги на четвртинки, а боранијата оставете ја цела или пресечете ја на половинки. Ставете ги во поголем сад, додајте ги кромидот и маслинките пресечени на тркалца.
  2. Ставете сол и бибер (ако не сте ставиле при варењето), прелијте ја салатата со оцетот и измешајте. Пред послужување чувајте ја во фрижидер 1-2 часа во добро затворен сад.

На здравје!

 

Слични написи

Макарони со мортадела

Biba

Домашен чоколаден намаз

Biba

Чоколадно колаче во тегла

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.