Забава

Инвестирај во планетата Земја

 

Генералното собрание на ООН во 2009 година го прогласило 22 Април за Меѓународен ден на планетата Земја. Одбележувањето на овој ден дава можност да се подигне глобалната свест за благосостојбата на нашата планета и целиот живот што таа го поддржува. Денот ја нагласува колективната одговорност да се залагаме за хармонија со природата и Земјата, да се постигне правична рамнотежа меѓу економските, социјалните и еколошките потреби на сегашните и идните генерации на човештвото. Мотото за оваа година гласи: „Инвестирај во нашата планета“.

Мајката Земја испраќа јасен повик за итна акција. Природата страда, океаните се полнат со пластика и со секој изминат ден стануваат сè покисели. Екстремните температури, шумските пожари и поплавите погодуваат милиони луѓе. Да не заборавиме и дека сè уште се соочуваме со здравствена пандемија која е поврзана и со здравјето на нашиот екосистем.

Климатските промени, промените на природата што ги предизвикува човекот, злосторствата што ја нарушуваат биолошката разновидност како што се масовното сечење на шумите, ширењето на урбанизацијата, засиленото земјоделство и сточарско производство, растечката нелегална трговија со диви животни, сето ова го забрзува уништувањето на планетата. Планетата секоја година губи 4,7 милиони хектари шуми, што е површина поголема од Данска. Се проценува дека на околу еден милион животински и растителни видови им се заканува исчезнување.

Ова е прв Ден на мајката Земја кој се одбележува во рамките на Декадата на ООН за обнова на екосистемот. Екосистемите го поддржуваат целиот живот на Земјата. Колку се поздрави нашите екосистеми, толку е поздрава планетата и нејзините жители. Обновувањето на оштетените екосистеми ќе помогне да се стави крај на сиромаштијата, да се избориме со климатските промени и да спречиме масовно истребување на животински и растителни видови. Во ова ќе успееме само ако секој од нас има своја улога.

На овој Меѓународен ден на мајката Земја да се потсетиме дека треба да се менуваме, да развиваме поодржлива економија која ќе работи во корист и на луѓето и на планетата. Да промовираме хармонија со природата и Земјата. Придружете му се на глобалното движење за обнова на нашиот свет!

Слични написи

Секси пикантерии што се пребаруваат на интернет според Гугл

Biba

Зошто мажите сакаат лоши девојки

dart

Неколку начини да ја користите пастата за заби низ вашиот дом

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.