Психологија

Изборете се успешно со празничната тага

 

Пред нас се најубавите празници во годината, но вие и покрај тоа се чувствувате несреќно, уморни сте од животот, оптоварени со среќата на другите луѓе…

Празничната депресија и тагата знаат да заробат многу луѓе и сè почесто се јавуваат. Во време кога многу луѓе едвај спојуваат крај со крај, празниците можат да бидат само уште една тежина на нивниот грб, и финансиски и психички. Како да се пронајде среќа во животни околности кои се груби и тешки?

Среќата е во она што го чувствуваме

Истражувањата покажуваат дека среќата нема многу врска со она што ни се случува, туку многу повеќе со она што го мислиме и чувствуваме. Оттука, произлегува дека луѓето не ги прават среќни парите, туку нивниот став и поглед на животот. Среќата е работа на перцепција, најпрво на себе, а потоа и на својата околина. Во овој случај важи изреката „Само ако сте задоволни од себе, може да бидете среќни и задоволни со луѓето околу себе“. Затоа, никогаш пред себе не поставувајте преголеми очекувања и цели, одлучете што навистина сакате во животот и што ќе ве направи среќни. Притоа, фокусирајте се на мали, секојдневни работи.

Разбудете го детето во себе

Секој ден можете да го исполните со мали, среќни настани, без оглед дали е тоа кафе со пријатели, читање книга, прошетка со кучето, гледање на омилената серија, подготвување на вкусно јадење… Сите овие обични моменти можат да бидат извор на радост и внатрешно задоволство, бидејќи нè исполнуваат на посебен начин. Потсетете се на вашето детство и колку сте се смееле тогаш. Истражувањата покажуваат дека шестгодишно дете во просек се смее 300 пати на ден, а возрасен човек само 17 пати. Пронајдете го детето во вас и пуштете го повеќе да се смее.

Колку добри работи направив оваа година

На крајот на годината сите резимираме што сме направиле. Сетете се на некое ваше постигнување во последниот период и веднаш ќе се почувствувате подобро. Размислувањето за убави работи поттикнува на позитивен и оптимистичен став. Ако сте ја запоставиле вашата духовна страна, време е да ги смените навиките и повеќе да ѝ се посветите. Концентрирајте се на светот околу себе, почнете да ги загледувате и да уживате во боите, мирисите и облиците околу вас. Сигурно знаете дека и боите влијаат позитивно на нашиот живот. Затоа, обојте го својот живот со среќни бои како портокаловата, виолетовата или зелената.

 

Слични написи

Самопочитување или ароганција?

dart

Покажете им на децата колку е важна грижата за менталното здравје

Biba

Како да го намалите стресот на природен начин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.