Љубов и секс

Зошто не треба да глумите оргазам

Многумина можат да препознаат дали нивниот партнер одглумил оргазам или вистински го доживеал. Затоа експертите советуваат да не се трудите да одглумите зашто така повеќе си наштетувате себеси отколку на партнерот.

Научници од Универзитетот во Онтарио наведуваат дека е невозможно да се одглуми оргазам од причина што постојаниот партнер може да го препознае тоа и на тој начин ја намалувате или оневозможувате веројатноста дека партнерот ќе успее да ве задоволи и да ве доведе до кулминација.

Велат дека на овој начин го срушија митот за наивните мажи на кои може да им се продаде приказната дека сте доживеале оргазам.

Тие спроведоа истражување во кое мажи и жени беа испитувани дали и колку често глумат дека имале оргазам. Со анализирање на податоците кои се добиени, утврдиле дека двата пола речиси со еднаква прецизност можат да утврдат дали и колку често нивниот партнер глуми.

Сепак, мажите за нијанса грешат повеќе од жените во препознавањето на глумата на партнерката.

На крајот, научниците ја поставија теоријата дека нема причина да се глуми кога тоа може да доведе до повторување на истата рутина на партнерот и со тоа константно да се доведуваме до неможност на постигнување на оргазам при секс.

Слични написи

Детаљ кој открива дали сте среќни во бракот

Biba

Кој и зошто праќа повеќе експлицитни фотографии, жените или мажите?

Biba

Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.