Вести

Зоолошка градина Скопје – прва институција оспособена за лица со оштетен вид

Денеска, директорот на Зоолошка градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски, одржа работен состанок со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид – Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот
универзитет, Шпетим Љатифи.
На средбата беше договорено заеднички да се отпочне процес за зоолошката да биде целосно адаптирана за посета на оваа категорија на лица.
„Мислам дека ќе бидеме прва Зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација“ – изјави Галетановски.

Слични написи

Во Скопје ќе се одржи детски натпревар по ментална аритметика

Biba

“Петрунија” ќе се прикажува на седум фестивали во месец јуни

Biba

Среќен Велигден на сите православни христијани

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.