Здравје

Здрава храна која дебелее

 

Некои намирници кои имаат углед на здрава храна често пати ни додаваат калории без да бидеме свесни за тоа.

Суво овошје. Сувото овошје има пет до осум пати повеќе калории од свежото затоа што е дехидрирано и многу густо. На пример, една порција свежо грозје има околу 60 калории, додека иста количина суво грозје содржи 460 калории. Многу од компаниите и дополнително ставаат шеќер во сувото овошје, што уште повеќе ја зголемува неговата калориска вредност.

Кафе со млеко. Малку млеко во кафето, два-три пати дневно, додава екстра 200 калории што е еднакво на дебело намачкано парче леб со путер.

Оризови колачиња. Овие тркалца лесен оброк не содржат маснотии и се нискокалорични, но истовремено не содржат влакна и протеини, што се состојки кои го ублажуваат гладот. Тоа значи дека ќе додадете калории на оброкот за да се осетите сити.

Сок од портокал. Половина литар од овој сок содржи околу 55 грама јаглени хидрати, што е еднакво на пет парчиња леб. Поголемиот дел од тие калории е шеќер што е еднакво на содржина од 12 лажички.

Леден чај. Повеќето производи од овој тип содржат шеќер или мед, што се прилично калорични засладувачи.

Салата. За вас и вашата половина нема ништо подобро од свеж зеленчук, но разните сирења, јаткасти плодови, препржен леб преливи и сосови, често пати ја прават салатата калорична исто како и тестенините. Нутриционистите нагласуваат дека и обичниот оцет содржи голем број калории.

Тофу. Ако ја нарачате оваа здрава намирница во ресторан, често пати ќе добиете чинија полна со сол, калории, заситени масни киселини, па дури и шеќер. Тофуто само по себе не е калорично, но проблем е што нема речиси никаков вкус па по правило секогаш се зачинува за да добие вкус и текстура, а тогаш добивате и калориска бомба.

 

Слични написи

Бруксизам – чкрипење со забите

Biba

Мирисот на цигари од облеката на возрасните е штетен за децата

Biba

Сообраќајната бучава е штетна за здравјето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.