Здравје

Зашто е важно да се комбинира внесувањето на минералот железо со витамин Ц

—Витаминот Ц е најпознатиот и најчесто употребуваниот витамин од сите останати.—Тој е витамин растворлив во вода и е еден од најважните витамини за човекот. —Намирници богати со витамин Ц се: шипинките, магдоносот, јагодите, брокулата, цитронот, кивито, портокалите…

—Бенефитот од внесување доволно витамин Ц вклучува: зајакнување на имунитетот, прочистување на организмот од токсини, забрзување на заздравувањето на раните, ја регулира работата на хормоните, спречува појава на скорбут, го намалува холестеролот и штити од срцеви заболувања, ја подобрува апсорпцијата на железото во крвта.

—Железото е од витално значење за сите клетки во телото. —Негова примарна функција е да го пренесува кислородот низ телото, бидејќи е составен дел на хемоглобинот во крвта и е дел од миоглобинот во мускулите. Миоглобинот е протеин кој го носи кислородот до мускулните влакна. —Кога во крвта нема доволно од овој минерал настанува анемија, односно слабокрвност.

—Симптоми за недостаток на железо во крвта се: замор, вртоглавица, низок крвен притисок, намален апетит, склоност кон инфекции и намален имунитет, кршлива коса и нокти, нарушување на спиењето, болки во стомакот, бледило.

—Железото може да биде во две форми: хем и нехем, кои различно се апсорбираат во телото. —Хем железото се наоѓа само во месо, риба и живина и многу полесно се апсорбира во организмот. —Нехем железото го има во јаткастите плодови, овошјето, зеленчукот, мешункастите растенија и во некои семиња. —За апсорпција на нехем железото (кое доаѓа од растително потекло) многу е важно тие намирници да се комбинираат со силни извори на витамин Ц (на пр. портокали, цитрони, јагоди, магдонос, брокула, киви, патлиџан, лимон…).

Слични написи

Дали знаете како слабеењето влијае на вашиот имунолошки систем?

dart

Гушкањето има лековито дејство

admin

Трчањето може да ви го продолжи животот и до шест години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.