Здравје

Заштитете ги очите од штетните сончеви зраци

Без разлика колку е светло сонцето или колку се силни зраците, облаците и маглата не ги филтрираат сите УВ зраци. Затоа треба да ги заштитиме не само кожата и главата, туку и очите. Сончевите зраци емитуваат три типа на зрачење: УВА, УВБ и ИР (инфрацрвени зраци).

  • Коњунктивитис, ретинопатија и катаракта
    Ултравиолетовите зраци (УВА) ја затемнуваат кожата, но можат и да ја изгорат. Помалку видливите (УВБ)  исто така, навестуваат непријатност. Од едноставно црвенило на очите до сериозни проблеми: болести на мрежницата, воспаление, предвремено појавување на катаракта. Инфрацрвените зраци, кои ја ослободуваат сончевата топлина и понекогаш можат да ги изгорат очните капаци, ја сушат рожницата и можат да предизвикаат визуелен замор. Сината светлина, на која окото е тешко да се фокусира, може да доведе до замор на очите. Тоа е главниот виновник за појавата на слепило и некои хроматски аберации (лоша перцепција на боите) и може да доведе до грешки во перцепцијата.
  • Опасен песок и снег
    Осветлувањето може да го оштети окото со тројна агресија. Прво: со директно зрачење кое варира во однос на сезоната, географската област и надморската височина. Второ: со рефлексија на УВ зраци кои се менуваат според природата на почвата. Така, снегот рефлектира дури 85% од УВ зраците, а песокот на плажа само 20%. Тоа е главната причина за воспаление на очите. Трето: слепило предизвикано од рефлексијата на сончевите зраци, што доведува до нарушување на видот и болка во очите. Последиците можат да бидат сериозни: намалена визуелна острина, нарушување во перцепцијата на боите и формите.
  • Задолжителни очила за сонце!
    Само квалитетните очила за сонце можат да го намалат интензитетот на светлината, да ги апсорбираат сончевите зраци кои ги горат очите и речиси целосно да ги филтрираат УВ зраците, апсорбирајќи голем дел од видливите зраци и ИР.
    Минералните наочари (од стакло) имаат одлични квалитети, малку се гребат и се непроменливи со текот на времето. Погодни се за во град, но се претешки, па тешко е да се носат додека се спортува. За спортистите се препорачуваат органски очила кои главно се направени од поликарбонат, се сметаат за некршливи и се трипати полесни од стаклото. Но, тие се со послаб квалитет и лесно се гребат.

Слични написи

Смоквите се извор на витамини и носат многу здравствени придобивки

dart

Чоколадото како замена за аспиринот

Biba

Колку долго се задржува алкохолот во организмот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.