Забава

Жителите на Цирих уживаат во најквалитетен живот на светот

 

Според анализата на Дојче Банк, жителите на Цирих, Швајцарија, имаат најквалитетен живот на светот. Овој швајцарски град го презеде првото место од главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, кој сега се наоѓа на второто место.

Копенхаген, Единбург, Виена, Хелсинки, Мелбурн, Бостон, Сан Франциско и Сиднеј, ја заокружуваат топ 10 листата на градови кои нудат најдобар квалитет на животот.

Мерењето е спроведено во 56 градови од целиот свет, а во предвид се земени следните фактори: куповната моќ на потрошувачите, сигурноста, здравствената заштита, трошоците за живот, станбеното осигурување, превозот до работа и загадувањето.

Додека некои европски, американски и австралиски градови имаат највисок квалитет на животот, други европски градови не поминаа толку добро.

Имено, Франкфурт, кој беше на првото место пред пет години, оваа година падна на тринаесеттото место, Париз се најде на 36-тото, а Лондон на 41-то место. Всушност, кога ќе се направи споредба, се чини дека помалите главни градови имаат предност пред големите, барем кога се работи за животниот стандард. На самото дно на листата се наоѓаат Манила (Филипини), Пекинг (Кина) и Лагос (Нигерија).

Меѓутоа, Цирих не може да се пофали со највисоки плати, бидејќи на прво место во оваа субкатегорија се наоѓа Сан Франциско, каде што просечната месечна плата – заради брзиот технолошки развој – порасна за 31 отсто во однос на 2018 година и 88 отсто во последните пет години. Од 2019 година, просечната месечна плата во Сан Франциско е нешто повисока од 6 500 долари.

Град со најниска плата е Каиро, каде што просекот изнесува 206 дoлари месечно.

 

Слични написи

Отстранете го бигорот едноставно и брзо без триење

Biba

Најдобрите години од животот

Biba

Функционален Бугати автомобил составен од лего коцки

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.