Гастрономија

Енергетски бомбици

 

Ужината е еден од оние оброци на кој малкумина обрнуваат внимание, односно само оние кои водат сметка за урамнотежена и здрава исхрана. Целта на ужината е – помеѓу главните оброци (доручек, ручек, вечера), да изедеме оброк кој брзо се подготвува и ќе му ги обезбеди на телото сите важни нутриенти. Енергетските бомбици од јаболко, сушена брусница, ореви и лешници се идеално решение за лесен меѓуоброк, бидејќи лесно се подготвуваат, богати се со протеини и обезбедуваат енергија за продолжување на дневните активности.

Бомбиците се едноставни за подготовка, бидејќи не бараат користење на рерна, а состојките може да ги комбинирате по сопствена желба. Одлични се за сите оние кои сакат благо, а настојуваат да симнат вишок на килограми и да стопат вишок на масти, бидејќи ќе ја задоволат желбата за благо без да имаат грижа на совеста. Може да се чуваат во фрижидер неколку дена и на тој начин секогаш да имате подготвена ужина. Ако планирате да ги носите и на работа, препорачуваме да користите сушени јаболка наместо свежи, и додадете повеќе путер и мед за да не се премногу суви.

Потребни состојки:

180 г овесни снегулки

1 лажичка цимет

15 г ленено семе

1/2 лажичка сол

80 г мелени или ситно исечкани лешници

80 г мелени или ситно исечкани ореви

1/2 чаша путер (по можност од бадеми)

1 1/2 лажица мед

30 г сушена брусница

неколку капки екстрат од ванила

1 чаша рендани зелени јаболка помешани со 1 лажичка лимонов сок

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги заедно овесните снегулки, циметот, лененото семе, лешниците, оревите и зачинот.
  2. Во друг сад измешајте ги путерот, медот и екстрактот од ванила, додајте ги во смесата со суви состојки и измешајте да се соединат.
  3. Потоа во смесата додајте ги јаболките и брусницата, и сето тоа убаво измешајте го.
  4. Со раце обликувајте топчиња и ставете ги во фрижидер каде може да останат и до 3 дена.

На здравје!

 

Слични написи

Супа со тортелини и спанаќ

Biba

Едноставен намаз од туна

Biba

Салата со брокула и сланина

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.